Дискусија за препораките на ЕУ за конфискација и управување со имот стекнат од криминал

Националната конвенција за Европската Унија во Северна Македонија денеска ќе биде домаќин на 17. сесија на Работната група 4 – Правда, слобода и безбедност (Поглавје 24) во организација на Европското движење. Тема на настанот е „Ефикасноста на институционалниот одговор во Република Северна Македонија на препораките на ЕУ за конфискација и управување со имот стекнат од криминал“.

Како што информира Европското движење во Република Македонија, дијалогот ќе се фокусира на клучните прашања и предизвици во процесот на усогласување на македонското законодавство со европските стандарди во поглед на замрзнување, конфискација и управување со незаконски стекнат имот, детектирање на правните празнини и системски слабости што го отежнуваат нивното ефективно спроведување, како и меѓуинституционална и прекугранична координација при следењето и размената на податоци за имот поврзан со организиран криминал.

Како што е најавено, во Клубот на пратеници ќе се обратат директорот на Управата за финансиска полиција Слободан Ивановски и директорката на Агенцијата за управување со одземен имот Ирена Илиевска. 

Зачлени се на нашиот е-билтен