Од Охрид кон Врбјани патот е во изградба. Механизација, прашини, возење во една лента – оваа состојба е во должина од 20 км, но само 12 км се автопат.

Иако владата организираше церемонија, очигледно е дека станува збора за уште едена фарса од серијалот пуштаме недоградени автопати. „Отворени се првите 20 километри од автопатот Кичево – Охрид, отстранивме еден од најголемите инфраструктурни проблеми“, рече на тој настан премиерот Мицкоски.
Но, секој граѓанин ова може да го провери при следното возење од Охрид кон Кичево или обратно.
Ова се фотографиите кои потврдуваат дека на делницата од Врбјани кон Охрид, со прекин кај Ботун, како што рекоа владините претставници, всушност, се вози по пат на кој уште се изведуваат градежни работи и воопшто не е патна делница во употреба.


Обраќање на премиерот Христијан Мицкоски на пуштањето во употреба на првите 40 километри од автопатот Кичево-Охрид, на потегот од Врбјани кон Охрид, со прекин кај Ботун.
Значи, реалноста на терен потврдува дека вкупното патно растојание Охрид – Кичево изнесува 58км, од нив во моментов само 12км се автопат по кој може да се вози.
Оттаму како фарса може да се оцени видеото со премиерот Христијан Мицкоски и вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, на кое како музичка позадина оди патриотската песна „Слушам кај шумат шумите, плачат за војводата“, и со кое сакаат да прикажат дека го сефтосале автопатот Кичево – Охрид, при пуштањето на првите 20 километри.
