ЕМОФ 2025 продолжува да го слави спортот, младоста и заедништвото на европски терен! Атлетските натпревари во трчање и скок во вис донесоа возбуда, медали и силни емоции за многу млади натпреварувачи.
Во трката на 200 метри на ЕМОФ 2025, првото место го освои атлетичар од Шведска со време од 21,09 секунди, кој радосно изјави:
„Многу сум среќен и не би можел да бидам поблагодарен. Иако не пробав македонска храна, доаѓам од Балканот и чувството тука е познато и топло.“

Ема Јонатанен од Финска го освои сребрениот медал на 400 метри со пречки, и со насмевка призна:
„Ова значи многу за мене. Иако е многу потопло од Финска, топлото време ги опушта мускулите и помага при трчањето.“

Лин Попелман од Германија на ЕМОФ 2025 иако го освои петтото место, изрази огромна благодарност:
„Навистина беше чест да трчам на меѓународен настан. Го сакам стадионот, голем е, убав и поддршката од сите е неверојатна.“

Во женската конкуренција на 200 метри, Маргерита Кастелани од Италија блесна со златен медал:
„Победив за прв пат и многу сум горда. Овој стадион е прекрасен!“
Во скок во вис се натпреваруваше Шарлот од Франција, која и покрај предизвиците, обезбеди пласман за следната рунда:
„Не беше мојот најдобар ден, но се квалификував за утре и среќна сум за тоа.“
ЕМОФ 2025 е повеќе од спортски настан – тоа е платформа за соништа, дружење и инспирација на новите генерации спортисти од цела Европа.
Фотограф: Надица Манева Ангеловски