Фудбалерките на Англија остануваат на европскиот трон

Репрезентацијата на Англија го освои трофејот на Европското фудбалско првенство за жени 2025.

Англичанките вечерва во Базел ја победија Шпанија по изведувањето пенали, откако основните 90 и дополнителните 30 минути завршија нерешено 1:1.

Пенал-серијата заврши 3:1 за голема радост на Англија.

Финалето во Базел беше можност Англија да им се реваншира на Шпанките за поразот на Светското првенство во 2023 година. 

Зачлени се на нашиот е-билтен