СДСМ: Пожарите беснеат на сите страни, ВМРО-ДПМНЕ покажа тотална неспособност

Ситуацијата со пожарите во земјава е алармантна: над 50 пожари се регистрирани за едно деноноќие, веќе со денови гори на планините и во шумите, пожари има во Берово, Прилеп, Катланово, Петровец, Кичево, Кратово, Крива Паланка, Желино, Македонски Брод…, се наведува во соопштението од СДСМ, што МИА го пренесува во интегрална форма.

Над 20% од вкупната површина на шуми и пасишта се изгорени, претворени во пепел.

Наместо брза, координирана и силна реакција, владата на ВМРО-ДПМНЕ покажа катастрофлана неспособност во справување со пожарите.

Се доцни со интервенцијата на терен, со што се дозволува пожарите да земат огромен замав, нема нова опрема, нема доволен број на пожарникари, нема доволно лица на теренот.

Иако власта ветуваше дека оваа година биле најспремни за пожарите и нема да дозволат да земат замав се покажа дека се било голема лага.

Нема нови противпожарни возила, затоа што за ВМРО-ДПМНЕ приоритет беше купивањето службени мобилни телефони за дури 7 милиони евра. Колку противпожарни возила можеа да се купат со 7 милиони евра?

Нема нови системи и авиони за гасење пожар затоа што власта се расфрлаше со парите на граѓаните за приватни летови, за скапа морска храна, папаја и манго.

Нема вработување на нови пожарникари, нема зголемување на платите на пожарникарите затоа што за ВМРО-ДПМНЕ приоритет беа партиските списоци за вдомување на партиските членови.

Зачлени се на нашиот е-билтен