Трговскиот договор меѓу САД и ЕУ носи стабилност, но е неурамнотежен

 Рамковниот трговски договор меѓу САД и Европската Унија има одредени предности, но останува неурамнотежен, изјави францускиот министер за европски прашања Бенџамин Хадад.

„Договорот што го договори Европската комисија со САД ќе донесе привремена стабилност на економските актери загрозени од ескалацијата на американските царини, но е неурамнотежен“, напиша Хадад на социјалната мрежа Икс

Според него, договорот содржи позитивни елементи како што се ослободувања за одредени клучни сектори на француската економија, вклучително и за производството на алкохолни пијалоци.

Зачлени се на нашиот е-билтен