Вчера донесената одлука на македонската влада, за отворање генерален конзулат во Корча, за Македонците во Албанија претставува историски чин, стои во соопштението на македонското друштво „Илинден” -Тирана.
– Во мое и во име на македонско друштво „Илинден”-Тирана и Македонците во Република Албанија упатувам честитки до Владата на Република Македонија која на предлог на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, донесе одлука за отворање генерален конзулат во Корча, историски ден за Македонците во Албанија, се наведува во соопштението потпишано од претседателот на друштвото, Никола Ѓурѓај.