Рејтингот на одобрување на американскиот претседател Доналд Трамп падна за еден процентен поен на 40 отсто, најниско ниво од почетокот на неговиот втор мандат, според анкета на Ројтерс/Ипсос.
Рејтингот на републиканскиот претседател во претходната анкета на Ројтерс/Ипсос во средината на јули беше 41 процент.
Најновата анкета на јавното мислење покажува дека американскиот народ е длабоко поларизиран околу Трамп.
Околу 83 посто од републиканците и само три отсто од демократите го одобруваат неговото работење. Околу една третина од независните се задоволни од целокупното работење на републиканскиот претседател.
Околу 38 проценти од испитаниците ги одобруваат економските политики на Трамп. Ова се споредува со 35 посто во средината на јули.
Сепак, имаше мало зголемување на одобрувањето на неговата имиграциска политика – 43 посто во споредба со 41 отсто во претходната анкета.
Анкетата е спроведена помеѓу 25 и 27 јули меѓу 1.023 возрасни американски граѓани од сите држави.