Во Основното јавно обвинителство во Битола денеска ќе биде пуштен во функција Истражен центар.
Како што соопштија од Државното јавно обвинителство, официјалниот старт на работа на Истражниот центар ќе го означат државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски и Основниот јавен обвинител на ОЈО Битола Оливера Нечаковска.
Истражни центри досега се формирани во ОЈО Скопје, во ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција, како и во основните јавни обвинителства во Тетово и во Куманово.
Истражителите од истражните центри самостојно преземаат голем број различни дејствија – прибирање документација, барања до институции, учествуваат при претреси и лишување од слобода на лица, а се ангажирани и во дејствија на меѓународна соработка со истражни органи од други земји.