Претседателот на САД, Доналд Трамп, во понеделник изјави дека распоредува 800 војници на Националната гарда во Вашингтон и привремено ја презема градската полициска станица.
Потегот на Трамп, кој ги заобиколи избраните лидери на градот, e преседан во модерната историја на САД и спротивно на политичките норми.
Претседателот ги оцени своите постапки како неопходни за „спасување“ на Вашингтон од наводен бран на беззаконие. Статистиката покажува дека насилниот криминал се зголемил во 2023 година, но оттогаш брзо се намалува.
„Нашиот главен град е преземен од насилни банди и крволочни криминалци“, изјави Трамп на прес-конференција во Белата куќа.
Ова е втор пат ова лето републиканскиот претседател да распореди трупи во град управуван од демократи. Федерално судење започна во понеделник во Сан Франциско за тоа дали Трамп го прекршил американскиот закон со распоредувањето трупи на Националната гарда во Лос Анџелес во јуни без одобрение од гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом.