Трамп пишман аџија

Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша извршна наредба со која во следните 90 дена се стопира воведувањето на нови, високи царини за увоз на кинески стоки. Наредбата е потпишана неколку часа пред истекот на рокот што ќе активираше тарифно зголемување, велат од Белата куќа.

Одложувањето следи по последната рунда разговори меѓу американските и кинеските преговарачи во Стокхолм на крајот од минатиот месец. Царинското примирје истекуваше на 12 август, а без продолжување американските царини врз кинески стоки ќе скокнеа на 145%, додека кинеските врз американски стоки на 125%.

Двете страни во мај објавија прелиминарен договор по разговорите во Женева и се согласија на 90-дневен прекин на мерките, за да се отвори простор за натамошни преговори. Новата извршна наредба практично го продолжува „прозорецот за дипломатија“, со цел работните групи да ги доисгладат спорните точки пред евентуално ново затегнување.

За бизнисите и потрошувачите, тримесечната пауза значи краткорочна предвидливост во увозот и цените, но исходот ќе зависи од тоа дали страните ќе преточат политички договор во применливи правила пред да истече новиот рок.

Зачлени се на нашиот е-билтен