Зеленски: Украина не сака уште еден прекин на огнот, туку вистински мир

Украинскиот претседател Володимир Зеленски порача дека на Украина ѝ е потребен „вистински мир“, а не уште еден прекин на огнот меѓу руските напади.

 Реакцијата дојде по средбата меѓу Доналд Трамп и Владимир Путин во Алјаска, на која Киев не беше поканет, а договор за прекин на огнот не беше постигнат.

 Американскиот претседател изјави дека е потребен директен мировен договор меѓу Русија и Украина, што во Киев беше протолкувано како прифаќање на позициите на Москва.

 Претседателот на украинската парламентарна комисија за надворешни работи, Олександр Мережко, оцени дека Трамп фактички го поддржал Путин, чија визија за „мировен договор“ подразбира откажување на Украина од НАТО и прифаќање на други, како што ги нарече, „опасни услови“.

Зачлени се на нашиот е-билтен