Пожарот во Карпош ставен под контрола

Пожарот што претпладне ги зафати бараките „лепенки“ во скопската населба Карпош е ставен под контрола, соопшти директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов. Во гаснењето учествуваат повеќе возила и екипи на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје под водство на командирот Звонко Томовски.

Засега нема информации за повредени или настрадани лица. Причините за избувнувањето ќе се утврдуваат по увид на надлежните служби.

Зачлени се на нашиот е-билтен