Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ им го свртеа грбот на лозарите денеска, откако гласаа против предлог-законот за изменување на Законот за вино, поднесен од пратеничката група на СДСМ кој беше предложен да биде ставен на дневен ред по скратена постапка.
Со тоа, директно застанаа против дополнителната финансиска поддршка за лозарите од 3 денари по килограм грозје и против укинувањето на одредбата која дозволува 8% намалување на откупната цена, се вели во реакцијата на СДСМ.
Од оваа партија сметаат дека тоа е „срамен и нечовечки однос кон 11.000 семејства кои егзистираат од лозарството“.
Законското решение што го предложи СДСМ по иницијатива на претседателот Венко Филипче беше на барање на лозарите, укажуваат, е одговор на реалните потреби во време кога се соочуват со ниски откупни цени за винското грозје и зголемени трошоци за производството.
Наместо да застане во заштита на лозарите и да им даде 3 денари субвенција, власта застана на страна на винариите – за нив овозможи 2 денари субвенција.
СДСМ и претседателот Венко Филипче остануваат на страната на лозарите, пишува со соопштението и се додава дека партијата продолжува со борбата за нивните права, за фер услови и за поддршка за секој лозар.