По Дрисла и Вардариште, гори и депонија во Шуто Оризари – нов депониски пожар во Скопје

Скопје повторно се гуши во чад: активен е пожарот во Шуто Оризари каде што гори депонија, а под контрола е оној во Дрисла, на територија на Општина Студеничани, соопштија од Центарот за управување со кризи.

До 12.30 часот денеска, на територијата на Македонија се регистрирани два пожара на отворен простор – еден активен и еден под контрола. По Вардариште и Дрисла, депониски пожари повторно ја кренаа на нозе противпожарната служба и властите.

Зачлени се на нашиот е-билтен