Федералното истражно биро (ФБИ) денеска потврди дека 22-годишниот Тајлер Робинсон од Јута е уапсен како осомничен за убиството на конзервативниот инфлуенсер Чарли Кирк. Гувернерот на Јута, Спенсер Кокс, истакна дека инцидентот бил пријавен од член на семејството на Робинсон, кој забележал дека тој или признал или индиректно навестил дека го извршил злосторството.
Според гувернерот, семејството на осомничениот се присетило на неодамнешна вечерa кога Робинсон изразил критики за Кирк, велејќи дека „Кирк е полн со омраза и шири омраза“. Дополнително, цимерот на Робинсон открил пораки на апликацијата „Дискорд“ во кои се зборувало за земање на пушка од скривалиште, оставање на оружјето завиткано во пешкир, набљудување на областа и промена на облека. Во пораките се спомнувале и гравирани куршуми и специјална оптика за пушка, која била пронајдена од истражителите завиткана во темен пешкир.
Гувернерот Кокс се заблагодари на полицијата, ФБИ и јавноста за нивната посветеност и помошта во истрагата, но посебно ги истакна заслугите на семејството на Робинсон, кое постапило правилно и го пријавило случајот. „Особено сакам да им се заблагодарам на семејството на Чарли Кирк и да повикам сите да мислиме на нив додека се движиме кон правда во овој случај“, изјави Кокс.