Совети за мигрена и главоболки во бременоста

Совети за мигрена и главоболки во бременоста

Мигрената за време на бременоста може да биде посебен предизвик за идните мајки. Иако симптомите се слични на оние на мигрена вон бременоста – како што се пулсирачки главоболки, гадење, повраќање и чувствителност на светлина и звук, пристапот кон третманот во овој период бара дополнителна претпазливост, пишува „Кликс“. Следат четири совети за оваа непријатна состојба.

Внимавајте на исхраната и редовно пијте вода

Нередовните оброци и дехидрацијата често можат да предизвикаат мигрена. Совет: Обидете се да јадете помали, но почести оброци и да пиете многу течности во текот на денот.

Помалку стрес, а повеќе опуштање

Техниките како што се длабоко дишење, медитација, масажа или топла бања може да помогнат во намалувањето на напнатоста. Исто така, затемнувањето на просторијата, повеќе свеж воздух и тивката музика дополнително придонесуваат за чувство на смиреност.

Прилагодете го опкружувањето

Ако сте чувствителна на светлина и звук, се препорачува тивка, темна просторија, за да се ублажат симптомите на мигрената.

Ладни и топли облоги

Некои стручњаци сметаат дека, кај бремени жени, ладните облоги на челото или топлите облоги на вратот и рамената помагаат против главоболката. Совет: Обидете се со двата начина, па ќе откриете што најдобро одговара за Вас.

Значи, иако мигрените за време на бременоста можат да бидат предизвикувачки, со правилен пристап, но и консултација со лекар, тие може да се ублажат и да се намали болката. 

Зачлени се на нашиот е-билтен