Епицентарот на земјотресот, според EMSC, се наоѓал на 41 километар од градот Ретимно.
Хипоцентарот на земјотресот, според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓа на длабочина од приближно 26 километри под површината на земјата.
Досега нема извештаи за материјална штета или повредени, пренесуваат грчките медиуми. Надлежните служби ја следат ситуацијата.