Воена парада во Белград: Војска на улиците, граѓани пристигнуваат со автобус, студенти и хорови се собираат (ФОТО)

Во Белград се одржува воена парада, организирана од владата како дел од настаните посветени на Деновите на српското единство и знамето, со почеток во 11:00 часот на платото пред Палатата на Србија.

На парадата „Силата на единството“ ќе учествуваат 10.000 учесници, а ќе бидат изложени околу 2.500 парчиња оружје и воена опрема, повеќе од 600 возила, 70 авиони и 20 пловила.

Во исто време, студентите одржуваат собир за поддршка на припадниците на српските вооружени сили.

Како што изјавија, овој собир ќе биде различен од претходните по тоа што ќе биде празничен и ќе претставува поддршка за војниците кои чесно ѝ служат на Србија.

Репортер на Данас јавува дека кордон од полиција има кај кружниот тек во Нов Белград. Тоа е местото каде студентите во блокадата го најавија собирањето пред да дојдат на парадата.

Репортерот на N1, информира дека полицијата и воената полиција ги насочуваат граѓаните каде да поминат покрај зградата на општина Нов Белград.

Сè уште не е познато дали сите граѓани, вклучително и студентите, ќе можат да присуствуваат на парадата, или само граѓаните што се донесени со автобуси ќе можат да го сторат тоа.

Студентите ги повикаа граѓаните да дојдат на митингот без свирчиња и мегафони и со себе да носат национални знамиња, како знак дека војската им припаѓа на сите и дека сакаат да ја поздрават Српската армија.

Репортерите јавуваат дека голем број автобуси од градови и општини низ Србија пристигнуваат на воената парада насловена како„Силата на единството“ која се одржува кај Палатата на Србија со почеток во 11 часот.

Заедно со граѓаните кои доаѓаат организирано да присуствуваат на воената парада, пристигнуваат и луѓе со деца од сите делови на Нов Белград, јавува репортерот на ФоНет.

Посетителите можат да влегуваат веќе од 8:30 часот, на две локации, во близина на кружниот тек кај трговскиот центар „Ушќе“ кон Бранково Мост и на раскрсницата на улицата Трешњино цвета и булеварот Никола Тесла, од правец на Нов Белград.

Според помошникот-министер за одбрана Ненад Милорадовиќ, оваа парада ќе биде два до три пати поголема од онаа што веќе се одржа во Белград.

Како што е најавено, ќе има парада на ешалони од сите родови и служби на Српската армија и кадети на Воената академија, единици на возила, летови на авиони и хеликоптери на Военото воздухопловство и парада на бродови од Речната флотила. На парадата ќе биде развеано најдолгото српско знаме, долго 300 метри, кое ќе го носат ученици од воените училишта.

Зачлени се на нашиот е-билтен