Мицкоски чувствува мачнина од судиите и обвинителите, нема да имаат поголеми плати додека не ги заслужат според неговите критериуми

Мицкоски чувствува мачнина од судиите и обвинителите и продолжува со силен притисок врз правосудството, нема да имаат поголеми плати додека не ги заслужат според неговите критериуми.

Само така може да се толкува ставот на премиерот кој за судиите и обвинителите изјави дека единствената реформа што ги интересирала била како да се зголеми нивниот буџет. 

„Имам дилема дали и овие плати што ги земаат тие ги заслужуваат, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски. Сакам граѓаните да знаат дека сите оние таканаречени експерти кога излегуваат и кога ја критикуваат Владата за застој во реформите во обвинителството и во судството, ова е суштинската реформа – како да се зголеми буџетот на судовите до 0,8 проценти од БДП, а на обвинителите до 0,5 проценти од БДП што е два до три пати повеќе од некои земји членки на Европската унија. Не е проблем, ние ќе ги зголемиме три пати ама да ги заслужат. Имам дилема дали и овие плати тие ги заслужуваат кои што сега ги земаат, рече премиерот Мицкоски.

Запрашан да како ја коментира вчерашната условна пресуда за докторка во случајот Онкологија, тој кажа дека неговите ставови за обвинителството и судството се многу пати кажани и разговарани и оти се бараат закони со кои во суштина се бара зголемување на буџетот за судовите и обвинителствата.  

-Во суштина сакам јавноста да знае дека станува збор за шест закони каде што основната суштина е зголемување на буџетот од кои што директно ќе имплицира зголемување на платите на обвинителите и на судиите коишто имаат рејтинг од 2 проценти, а се бара зголемување на нивниот буџет којшто би бил сега 0,8 проценти од БДП, а за обвинителите 0,5 проценти од БДП и секогаш чуствувам некоја мачнина бидејќи тие и овие плати што ги земаат не ги заслужуваат имајќи ги предвид ваквите судски одлуки за кои вие сега зборувате, рече Мицкоски во Штип.

Зачлени се на нашиот е-билтен