Рама: Обединување Косово–Албанија може само во ЕУ, сѐ друго е бајка

Албанскиот премиер Еди Рама ја отфрли можноста за територијално обединување на Косово и Албанија, оценувајќи дека „националното обединување значи само приклучување во ЕУ и ништо друго“. „Сѐ друго е само бајка,“ рече тој во интервју за емисијата „Jehona Politike“ на Клан Косова.

Рама додаде дека регионалните „формули“ од 19. и 20. век немаат место денес, и дека приоритетот е европската интеграција и јакнење на меѓународните партнерства на Косово. Неговите ставови ги пренесоа и повеќе албански медиуми, кои ја потенцираа поентата дека секој друг модел на обединување е нереален.

Изјавата доаѓа во период на засилени дебати околу европскиот курс на регионот и позиционирањето на Тирана и Приштина кон Брисел. Со ова, Рама повторно го закова ставот дека „обединувањето“ е политичка и правна интеграција во рамки на ЕУ, а не преку промена на граници.

Зачлени се на нашиот е-билтен