Најбогатите луѓе во Европа живеат во Швајцарија и Данска: Нивниот личен имот се мери во стотици илјади евра

Најбогатите луѓе во Европа живеат во Швајцарија и Данска Според најновиот Извештај за глобалното богатство за 2024 година, граѓаните на Швајцарија и Данска се меѓу најбогатите во Европа.

Според најновиот Извештај за глобалното богатство за 2024 година, граѓаните на Швајцарија и Данска се меѓу најбогатите во Европа.

Според најновиот Извештај за глобалното богатство на осигурителната компанија „Алијанц“ за 2024 година, жителите на Соединетите Американски Држави се уште се најбогати во светот бидејќи имаат просечен личен имот од околу 311.000 евра. На второ место е европската земја, Швајцарија, каде што просечните финансиски средства по жител достигнуваат речиси 268.860 евра, додека граѓаните на Сингапур се трети на листата со околу 197.460 евра.

Во САД, минатогодишниот раст на богатството дојде претежно од зголемената вредност на акциите, две третини од вкупниот раст дојде од берзата. Во Швајцарија, ситуацијата е поинаква: таму дури 84 проценти од растот доаѓа од дополнителни заштеди.

Посебноста на швајцарскиот модел се одразува во силната поврзаност со осигурувањето, дури 41 процент од заштедите граѓаните ги насочуваат кон осигурителни производи, додека банкарските депозити се скромни 15 проценти. Најголемиот дел од инвестициите во хартии од вредност се однесуваат на инвестициски фондови, првенствено ETF.

Во текот на изминатата година, бруто финансиските средства на домаќинствата во Швајцарија се зголемија за 4,2 проценти, што е значително повисоко отколку во 2023 година, кога растот изнесуваше 2,6 проценти. Најголем импулс даде секторот за хартии од вредност, додека осигурувањето, пензиските фондови и депозитите забележаа поумерен раст. Кога обврските ќе се одземат од вкупните средства, нето финансиските средства се зголемија за 5,3 проценти.

На глобално ниво, населението како целина стана побогато, вкупните финансиски средства во светот се зголемија за 8,7 проценти, достигнувајќи 269 трилиони евра, што го надмина растот од 8 проценти од претходната година, според порталот „Свис Инфо“.

Листа на земји со најбогати граѓани

Соединети Американски Држави (311.000 евра)
Швајцарија (268.860 евра)
Сингапур (197.460 евра)
Данска (191.560 евра)
Тајван (167.530 евра)
Шведска (144.470 евра)
Канада (138.090 евра)
Нов Зеланд (133.030 евра)
Холандија (127.640 евра)
Белгија (110.290 евра)
Австралија (110.280 евра)
Јапонија (91.920 евра)
Германија (86.800 евра)
Италија (83.510 евра)
Ирска (79.800 евра)
Велика Британија (77.180 евра)
Австрија (75.760 евра)
Франција (74.870 евра)
Малта (63.960 евра)
Шпанија (49.220 евра)
Норвешка (44.040 евра)
Финска (40.560 евра)
Јужна Кореја (39.290 евра)
Португалија (36.420 евра)
Чешка Република (34.740 евра)

Зачлени се на нашиот е-билтен