Лидерката на француската крајна десница, Марин Ле Пен, денеска изјави дека нејзината партија Национално обединување ќе ја блокира секоја нова влада, упатувајќи нов повик до претседателот Емануел Макрон да го распушти парламентот или да поднесе оставка.
„Ќе ја цензурирам секоја нова влада. Доста беше, шегите завршија,“ порача Ле Пен, додавајќи дека „величината, честа и моралот“ бараат Макрон сериозно да размисли за распуштање на парламентот или својата оставка.
Политичката криза во Франција се продлабочи по оставката на премиерот Себастијен Лекорни, кој ја поднесе само еден месец по именувањето, внесувајќи дополнителна неизвесност во тамошната политичка сцена.
Франција се соочува со нов период на нестабилност, додека Макрон одлучува дали ќе именува нов премиер или ќе оди на предвремени избори.