Вечерва во центарот на Скопје се случила масовна тепачка пред ресторанот „Дукат“. Според првичните информации, на местото на настанот интервенирала полицијата со повеќе патроли.

Засега нема информации за повредени лица ниту за приведени.
Две лица се уапсени по тепачка која вечерва се случила меѓу гости пред познат ресторан во населбата Капиштец во ценарот на Скопје. На булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов вечерва имаше неколку полициски возила.
Од МВР велат дека вечерва во 20 часот во СВР Скопје е пријавено нарушување на јавниот ред и мир на паркингот пред угостителски објект на улица Митрополит Теодосиј Гологанов.
„По интервенцијата на полициски службеници од СВР Скопје лишени од слобода се две лица“, велат до МВР.