Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

(ГАЛЕРИЈА) Владини претставници, експерти и дипломати говореа на конференцијата за стратегиски комуникации на САД-Јадранската Повелба на тема дезинформации

Во рамки на претседавањето на Северна Македонија со САД-Јадранската Повелба, МНР во соработка со Амбасадата на САД, ја организираше конференцијата за стратешки комуникации со наслов „Медиумска писменост и справување со дезинформации – подготвеност на институциите за заштита од хибридните влијанија“.

 

-+

Конференцијата почнa со воведни обраќања на државниот секретар во министерството за надворешни работи, Филип Тосевски и Аугуста Филибин од Амбасадата на САД во Скопје.

На предметната Конференција во рамки на три тематски сесии, со учество на  реномираниот американски експерт Енди Карвин, претставникот од НАТО Одделот за јавна дипломатија, како и бројни реномирани домашни експерти, претставниците на земјите членки и набљудувачи на САД- Јадранската Повелба, медиумските организации и граѓанското општество дебатираа и разменуваа мислења и најдобри практики за справување со хибридните закани и дезинформациите.

Притоа беше особено нагласено значењето на медиумската писменост како една од алатките која низ образовниот систем придонесува кон изградба на едно општество со граѓани кои се способни критички да размислуваат, да ги анализираат и проценуваат информациите што им се сервираат и на тој начин да ја зајакнат демократската отпорност на општеството кон различни малигни влијанија.

Министерството за надворешни работи најави дека ќе продолжи со активности за подигање на јавната свест за постоењето на опасноста, но истовремено искажува и спремност и стремеж за справување со сите предизвици што произлегуваат од хибридните закани.

На конференцијата, меѓу другите, учествуваа Росана Алексоска од Ф2Н2, Филип Стојановски од Метаморфозис, Џабир Дерала од ЦИВИЛ, универзитетскиот професор Ненад Марковиќ, Билјана Петковска од МИМ, и низа други.

Северна Македонија во јануари 2023 година го презема претседавањето со САД Јадранската Повелба, во година кога се одбележува дваесет годишнината од нејзиното потпишување.

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново