Мунтеану е новиот премиер на Молдавија

Мунтеану, кој е и основач на инвестициска фирма, никогаш претходно не извршувал политичка функција.

Парламентот на Молдавија во вторник го одобри назначувањето на проевропскиот економист Александру Мунтеану за нов премиер на земјата.

Мунтеану, кој е и основач на инвестициска фирма, никогаш претходно не извршувал политичка функција. Работел во странство околу 20 години.

Претседателката на Молдавија, Маја Санду претходно потпиша указ со кој го именуваше Мунтеану. 

Зачлени се на нашиот е-билтен