Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Пашинијан: Ерменија ќе го признае Нагорно Карабах како дел од Азербејџан доколку се гарантира безбедноста на Ерменците

 Ерменскиот премиер Никол Пашинијан денеска изјави дека Ерменија е подготвена да ја признае енклавата Нагорно-Карабах како дел од соседен Азербејџан доколку Баку ја гарантира безбедноста на етничкото ерменско население, пренесе Тасс.

Пашинијан на прес конференција изјави дека неговата земја е подготвена да разговара за демилитаризација на границата со Азербејџан, откако ќе се потпише мировен договор. Според него, идејата за создавање демилитаризирана зона долж ерменско-азербејџанската граница заслужува да биде разгледана.

Тој додаде дека во моментов меѓу двете земји се водат интензивни преговори и затаоа изрази надеж дека во блиска иднина може да се постигне договор за текстот на мировниот договор со Баку.

Премиерот Пашинијан, исто така, истакна дека неговата земја ќе одлучи дали ќе се повлече од Организацијата на Договорот за колективна безбедност (ОДКБ) доколку оцени дека оваа структура „е неспособна“. 

Зачлени се на нашиот е-билтен