Уапсен возачот што го усмрти велосипедистот и побегна од местото на несреќата

Сообраќајната несреќа се случи денеска околу 12:30 часот на мостот „Гоце Делчев“ во Скопје, кога 37-годишниот Х.К. од Скопје, управувајќи автомобил „пасат“ со скопски регистерски таблички, удрил во 78-годишниот велосипедист Ј.Ќ. од Скопје. Од ударот, велосипедистот починал на самото место.

Наместо да повика итна медицинска помош, возачот го напуштил местото на несреќата и го оставил возилото. Полицијата, по преземените мерки, го пронашла и уапсила неколку часа подоцна.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека случајот е целосно документиран и дека против осомничениот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Зачлени се на нашиот е-билтен