СДСМ објави фотографии за поврзаноста на Трипуноски со осомничена во скандалот ИПАРД

Големиот корупциски скандал во ИПАРД Агенцијата добива пошироки размери, тврдат од СДСМ и освен што е загрозена помошта од 128 милиони евра од ЕУ, денеска соопштија информации кои се доставени до партијата за директни врски со највисоките структури во Министерството за земјоделство.

Од СДСМ, на прес конференцијата на Алекссандар Димитриевски, од партиската комисија за земјоделство наведуваат дека меѓу петтемина осомничени во овој случај се наоѓа и Јасмина Костадинова, која е поранешна посебна советничка на Цветан Трипуновски, назначена токму во моментот кога тој ја презема функцијата дополнителен заменик-министер за земјоделство.

Димитриевски во продолжение наведе: 

Денес, соработничката на Трипуновски е вработена во Министерството за земјоделство за финансиски прашања во Управата за водостопанство.

Од тоа произлегува јасно прашање:

Како може министерот Трипуновски да тврди дека нема никаква врска со случајот, кога во скандалот е инволвирана негова блиска и доверлива соработничка?

Бројни фотографии со Трипуновски, но и со други високи функционери на ДПМНЕ, меѓу кои Орце Ѓорѓиевски, Даниела Иротова и Игор Миќев ја потврдуваат поврзаноста и со него и со ДПМНЕ. Се е јасно тука.

Прашањето е што знаел министерот Трипуновски за корупциските зделки? 

Дали тоа значи дека бил информиран за сè или делувала по негови насоки?

Од министер опкружен со изнудувачи и посредници за мито при доделување на европски средства не може да се очекува ниту развој, ниту чесна и одговорна работа во интерес на земјоделците.

За ова мора да има морална и политичка одговорност. Време е министерот Цветан Трипуновски да покаже минимум интегритет и да поднесе оставка.

Зачлени се на нашиот е-билтен