Регулаторната комисија за енергетика ги објави новите малопродажни цени на горивата кои ќе започнат да важат од полноќ.
Цената на ЕУРОСУПЕР 95 се зголемува за 0,5 денари, и од утре ќе се продава по цена од 74,5 денари по литар. Исто за 0,5 денари се зголемува и цената на ЕУРОСУПЕР 98+, и од утре ќе се продава по цена од 76,5 денари.
Цената на ЕУРОДИЗЕЛ се зголемува за 1 денар, и ќе чини 72 денари по литар.
Регулаторната комисија одлучи малопродажната цена на екстра лесното масло за домаќинство да не се менува и да остане 69,5 денари, а цената на мазутот М-1 НС да се намали за 0,486 денари за килограм и сега ќе изнесува 36,427 денари.

