Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (АФПЗРР) на крајот на октомври официјално го најави новиот јавен повик од ИПАРД III програмата за Мерка 3 „Инвестиции во основни средства за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи“.
Повикот требаше да биде објавен во текот на месец ноември. Преку оваа мерка, микро, мали и средни претпријатија (МСП) можат да аплицираат за неповратен грант во максимален износ до 1,5 милиони евра кој ќе покрие 50% од вкупно прифатливите трошоци за набавка на машини и опрема за преработка на земјоделски производи.
Поддршката преку оваа мерка е во форма на неповратен грант кој покрива 50% од прифатливите трошоци во рамки на инвестицијата. Минималниот износ на вкупни прифатливи трошоци изнесува 50.000 евра.
И наместо да отпочне процесот на апликација и земјоделците да ги добијат нивните ЕУ пари, неколку лица здружени во АФПЗРР и Министерството за земјоделство, решија да им земат од устата на земјоделците и да си заработат на нивната мака и заслуга. На, како што тие велат, најверните поддржувачи и гласачи.
ЕУ, односно Европската комисија веднаш реагираше и му наложи на Министерството за финансии веднаш да ја прекине постапката за распределување на ИПАРД средствата, додека обвинителството и полицијата не си ја завршат докрај работата за да се види кој се вмешан во скандалот.
Корупциски скандал во врвовите на власта во истите денови кога излезе извештајот на ЕУ каде што повторно корупцијата беше наведена како рак рана во македонското општество.
Безубразлукот на владеачката партија во негирањето на скандалот во слепилото отиде дотаму што се стави против својата влада и министерство и тврдеше дека нема скандал и дека ИПАРД програмата не е блокирана. Но реалноста е нешто сосема спротивна, а во таа реалност најпогодени, оние што ќе страдаат се земјоделците и земјоделските компаниите.
Од што ги лишија земјоделците?
Покрај машини и опрема, ИПАРД 3 програмата за прифатливи трошоци ги најаву набавките на специјализирани земјоделски транспортни приколки и возила: цистерни за млеко, приколки за ладење, приколки за транспорт на живи животни и др.
Во рамки на предложените инвестиции прифатливи се и трошоци за градежни материјали и елементи за изградба на нови објекти, или реконструкција и подобрување на постоечките објекти.
ПРИФАТЛИВИ ДЕЈНОСТИ
Преработка на земјоделски производи (од суровина до готов производ), и тоа:
- Овошје и зеленчук (вклучувајќи и компири и мешункасти култури)
- Житни, мелнички и скробни производи
- Растителни и животински масла и масти
- Шира од грозје, вино, други ферментирани пијалоци, жесток алкохол и оцет
- Млеко и млечни производи
- Месо и производи од месо (вклучувајќи јајца и живина)
- Риба и производи од риба
- Производство на сточна храна
КОЈ МОЖЕ(ШЕ) ДА АПЛИЦИРА
На јавниот повик може да аплицираат правни лица од рангот на микро, мали и средни претпријатија, регистрирани во Централниот регистар согласно Законот за трговски друштва, со годишен обрт кој не надминува 50 милиони евра и максимум 250 вработени.
Покрај трговски друштва, на јавниот повик може да аплицираат и задруги.
ВИСИНА НА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА
Максималната финансиска поддршка што може да се додели на поединечен проект изнесува до 1.500.000 евра.
Поддршката преку оваа мерка е во форма на неповратен грант кој покрива 50% од прифатливите трошоци во рамки на инвестицијата.
Минималниот износ на вкупни прифатливи трошоци изнесува 50.000 евра. Проектни апликации со вкупен буџет помал од 50.000 евра нема да се разгледуваат.
ВИДОВИ НА ПРИФАТЛИВИ ИНВЕСТИЦИИ
Во рамки на Мерка 3 од ИПАРД програмата може да инвестирате во:
- Набавка на нови машини и опрема
- Набавка на градежни материјали и елементи за изградба или реконструкција на згради и објекти до целосна функционалност
- Изградба или реконструкција, вклучувајќи технички надзор
- Компјутерски софтвер и софтверски лиценци
- Воведување на системи за управување во претпријатијата (ISO)
ПРИФАТЛИВИ ТРОШОЦИ
Во рамки на предлог-проектите може да се аплицира за неповратни 50% од вкупните трошоци за:
- Опрема за прием, собирање и чување
- Опрема за подготовка за сортирање, чистење, миење, сушење, дезинфекција, обложување со восок, калибрирање, отстранување на оштетени плодови, детектирање на метал и стакло или други цврсти материјали
- Опрема за предладње, ладење и замрзнување
- Машини и опрема за производни линии/постројки за производство на храна
- Опрема за мешање, печење, пржење и оформување
- Опрема за сечење, мелење и останата опрема за подготовка пред преработка
- Дробилки, преси, опрема за филтрација, деаерација, ферментација, стабилизација, сепарација, хомогенизација, дестилација, пастеризација и стерилизација
- Резервоари, силоси, танкови, резервоари за зреење и буриња
- Опрема за конзервирање, сушење, десикација, замрзнување
- Опрема за полнење, пакување и етикетирање
- Опрема за преработка на месо
- Опрема за преработка на риба
- Лабораториска опрема, мебел и апарати за анализа на производот
- Опрема за производство на добиточна храна
- Опрема за манипулација, утовар и истовар, виљушкари, транспорт-приколки, ладилници, контејнери, палети, приклучни возила за ладење, подвижни ленти, опрема за мерење и квалитет
- Опрема за следење на квалитетот, контрола и системи со следливост на прием на производ, складирање и дистрибуција
- Третман на отпад, валоризација, опрема за ракување и складирање
- CIP опрема (clean in place) и опрема за индустриско чистење на простории
- Опрема за подобрување на стандардите за благосостојба на животните
Набавка на специјализирани земјоделски транспортни приколки и возила:
- Цистерни за млеко
- Приколки за ладење
- Приколки за транспорт на живи животни
- Слатководна риба и живина и нивните производи
- Добиточна храна
- Трошоци за изградба/реконструкција на објекти

