Поранешниот генерален секретар на СДСМ, Андреј Петров во интервју за Сител оцени дека СДСМ мора да учи од грешките и преку отворена дебата и обединување на членството да се врати на старите патеки.
„Во ситуацијата мислам дека на СДСМ му требаат квалилтетни луѓе внатре. Она што не му треба и на СДСМ и на опозицијата се понатамошни делби. Треба да има ентузијазам во раководството на СДСМ, треба да има храброст без храброст ништо не се прави. Треба да има доволно политичко искуство, доволно желба за соработка, да нема конфликтвни ситуации внатре. Да има стратешка идеја за државата . Партијата мора да ја отвори дебатата внатре, во дебатата ќе испливуваат добрите кадри. Раководството мора да расчисти со тоа мора да ја разбие тезата дека одработува за ВМРО – ДПМНЕ“, смета Петров.
Според него, погрешен чекор е ако СДСМ смета на тоа да влезе во Влада со ВМРО-ДПМНЕ.
„Во вакви услови СДСМ да влезе во Влада со ВМРО – ДПМНЕ, тоа е крај. Ние може да зборуваме за германското сценарио но кога двете партии ќе бидат отприлика егал“ порача Петров.

