Се потврди дека ВМРО-ДПМНЕ ја продаде и ја предаде Македонија. Ја продаде за пари, за кредити од шест милијарди евра, ја продаде за мигранти за пари. Ги понижи граѓаните, им удри шлаканица, им кажа не е важно што вие мислите, сакате, како вие резонирате, вие не гласавте, сега ние ќе правиме сакаме.
Ова, меѓу другото, го кажа претседателот на СДСМ Венко Филипче во интервју за ТВ Сител и посочи дека Владата не ги демантираше британските медиуми, британскиот „Тајмс“, кој кажува дека упатиле прашања до македонската влада, но дека не добиле одговор.
„Ако нема договор за прифаќање мигранти, зошто не ја потпишат нашата предлог резолуција во којашто експлицитно стои дека нема да дозволиме да се носат мигранти или економски работници, или како и да ги именуваат од Велика Британија, коишто се поврзани со финансии како што соопштуваат британските медиуми?, праша Филипче.
Тој дополни дека се работи за мигранти кои во Велика Британија име одбиен азилот од безбедносни причини, а не можат да се вратат во матичните земји.
„Тие луѓе коишто ќе излезат од таму немаат повторно право да бидат во ЕУ. Тоа значи дека владата нема намера да не носи кон Европа, ниту пак да ги решава проблемите тоа значи дека ќе останеме црна точка со мигранти коишто нема да може да влезат повторно во Европа“, нагласи претседателот на СДСМ.
Тој потенцираше дека е спин, дефокусирање дека во владата на Заев, кога тој бил министерм гласал за изградба на мигрантски камп во Бардовци.
„Вистината е дека преку МВР имаше проект за изградба на привремено сместување на мигранти кои влегле и ни се шетаат во државата, но тогаш опозицијата го спречи тоа. Такво прифатилиште и денеска има во градинка во Гази Баба. Замислете, среде населба, а идејата беше да се изгради центар во кој ке бидат изолирани од граѓаните се додека не се подготват документи истите да ја напуштат државата. Тоа нема никаква врска со ова со мигранти за пари на кои Британија од безбедносни причини не им дава азил. За Британија не се прифатливи, а за нас како што договорила владата се прифатливи за пари“, рече Филипче и додаде дека СДСМ нема да се согласи со такви тајни договори.
За тоа дека Мицкоски го повикал јавното обвинителство постапи за ширење паника на Филипче и СДСМ поврзани со мигрантите, тој рече дека Мицкоски е уплашен.
„Мицкоски е уплашен од вистината и затоа посегнува по сите механизми вклучувајќи и закани, а најмалку има право тој да зборува. Да ве потсетам кога собираа потписи покрај за некаква против некакви мигрантски напливи пред неколку години ВМРО-ДПМНЕ, да ве потсетам кога предупредуваа на кантонизација на земјата итн меѓунационални судири. Тој најмалку има право да зборува за ширење паника“, истакна Венко Филипче во интервјуто за ТВ Сител.