Денеска во Брисел самит ЕУ-Западен Балкан, и мигрантите на дневен ред

Балкан

Лидерите на ЕУ и на земјите од Западен Балкан ќе се сретнат денеска во Брисел во рамките на Самитот ЕУ-Западен Балкан.

Состанокот, со кој ќе претседава претседателот Антонио Коста, ќе послужи како можност да се демонстрира и потврди силата на стратешкиот однос меѓу ЕУ и Западен Балкан и придобивките што тој ги носи за граѓаните.

Претседателот на Европскиот совет ќе ја претставува ЕУ на самитот заедно со претседателот на Комисијата. Ќе учествува и високата претставничка Каја Калас.

На крајот од самитот, ќе биде објавена декларацијата на самитот ЕУ-Западен Балкан. Од партнерите од Западен Балкан се очекува да се усогласат со декларацијата.

Стратешко партнерство меѓу ЕУ и Западен Балкан

Самитот ќе ја означи важноста на политичките и економските односи меѓу ЕУ и партнерите од Западен Балкан, особено во сегашниот геополитички контекст и потребата од сè посилни врски меѓу ЕУ и Западен Балкан.

ЕУ ќе ја потврди целосната и недвосмислена посветеност на перспективата за членство на Западен Балкан во Европската Унија, како и постигнатиот напредок во процесот на проширување, што е одразен во најновиот извештај на Комисијата.

На самитот ќе се нагласи важноста на опипливиот напредок во реформите, усогласувањето со „acquis“, регионалната соработка, добрососедските односи и помирувањето.

Надворешни работи и безбедност и одбрана

Во најава на Европскиот совет се истакнува дека лидерите на ЕУ и Западен Балкан се обединети во нивната непоколеблива поддршка и солидарност со Украина. ЕУ ги пофалува оние партнери од Западен Балкан кои веќе се целосно усогласени со Заедничката надворешна и безбедносна политика (ЗНБП) на ЕУ и ги охрабрува понатамошното усогласување од страна на оние партнери кои сè уште не го сториле тоа.

Соработка во управувањето со миграцијата и борбата против организираниот криминал и корупцијата

На Самитот ЕУ-Западен Балкан, како што стои во агендата, ќе се разговараат за активностите и заедничките напори во клучните области на мигранстките политики како што се:

  • управување со миграцијата
  • визна политика
  • борба против трговијата со луѓе
  • управување со границите
  • борба против корупцијата, трговијата со дрога и организираниот криминал
  • спречување и борба против тероризмот и насилниот екстремизам

Зачлени се на нашиот е-билтен