Форд во САД повлекува 270.000 возила на поправка поради ризик сами да тргнат

Американскиот производител на автомобили „Форд“ најави повлекување на повеќе од 270.000 пикап и СУВ возила со електричен и хибриден погон, кои делумно се продавани во САД во изминатите години.

Според соопштението, поради софтверска грешка во системот што го управува менувачот, возилата кога се оставени во режим „паркинг“ не остануваат целосно закочени, туку може сами да тргнат по надолнина или да бидат полесна цел за кражба.

Од „Форд“ информираа дека проблемот ќе биде отстранет со бесплатно ажурирање на софтверот на модулот за паркинг-режим, со што ќе се спречи ваквото однесување на возилата.

Производителот од Детроит соопшти дека денеска биле испратени писма до сопствениците на моделите F-150 Lightning BEV од 2022 до 2025 година, Mustang Mach-E од 2024 до 2026 година, како и Maverick од моделските години 2025 и 2026, со повик да ги донесат возилата на сервис.

Зачлени се на нашиот е-билтен