Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

По неуспехот на вчерашните избори, шпанскиот премиер Санчез најави предвремени парламентарни избори во јули

Премиерот на Шпанија Педро Санчез по резултатите од вчерашните регионални и локални избори најави дека ќе го распушти парламентот и на 23 јули во земјата ќе се одржат предвремени општи избори.

– Одлуката ја донесов гледајќи ги резултатите од вчерашните избори, ѝ рече Санчез на нацијата во телевизиско обраќање.

Санчез соопшти дека го информирал шефот на државата, кралот Фелипе Шести, за неговата одлука, која дојде по одлучувачката победа на конзервативците над левицата на вчерашното гласање.

Шпанската социјалистичка работничка партија (ПСОЕ) на Санчез и нејзиниот помал сојузник Подемос загубија на вчерашните регионални избори, додека ривалската конзервативна Народна партија и екстремно десничарската партија Вокс поминаа подобро.

„Иако вчерашните избори имаа локални и регионални димензии, значењето на гласањето пренесува порака што оди подалеку од тоа. Затоа, и како премиер и како генерален секретар на ПСОЕ, јас лично ги претпоставувам резултатите.

Шпанските владејачки социјалисти беа поразени од опозициската Народна партија на вчерашните локални избори.

Опозициската ПП освои апсолутно мнозинство во два од 12-те региони каде што се одржаа изборите, а со Вокс може да оформи мнозинство во уште шест региони.

Пред изборите, владејачките социјалисти управуваа сами или во десетчлена коалиција.

По пребројани 99,89 отсто од гласовите, десноцентристичката опозициска Народна партија (ПП) има 31,51 отсто од гласовите, а владејачките социјалисти (ПСОЕ) 28,11 отсто. Трета партија е екстремно десничарската Вокс со 7,19 отсто од гласовите.

Така, ПП доби речиси два милиони гласови повеќе отколку на изборите во 2019 година, додека социјалистите изгубија 400.000 гласови, а поддршката на Вокс низ целата земја се удвои, според податоците објавени од весникот Ел Паис.

Подемос, екстремно левиот коалициски партнер на социјалистите, постигна послаб резултат од претходните избори, па позицијата на Санчез е дополнително ослабена.

Конзервативната Народна партија (ПП) мора да се здружи со екстремно десничарскиот Вокс за да владее во повеќе региони. Избори се одржаа во 12 региони од вкупно 17. 

Зачлени се на нашиот е-билтен