Кражба на тутун: Земјоделец објави видеа и побара брза полициска реакција

Земјоделецот Крсте Дуковски во објава на Фејсбук тврди дека од неговиот имот била украдена голема количина тутун и дека станува збор за „кражба на месеци натчовечки труд, надеж и иднина“. Тој наведува дека годинава семејството вложило „мака, здравје, пари и трпение“ за да се опорави од, како што ја опишува, минатогодишната најтешка година.

Дуковски информира дека објавува видеа поврзани со настанот не од омраза, туку за „да се разбуди свеста и емпатијата“ и, како што пишува, да се охрабри полицијата побрзо да ги пронајде сторителите. Во статусот упатува апел до граѓаните: доколку некој ги препознае лицата на снимките, да пријави во полиција.

„Земјоделецот не бара милостина – бара правда и почит за својот труд“, пишува Дуковски.

Зачлени се на нашиот е-билтен