Најавено е решавање на проблемот со паркингот на Клинички центар и набавка на 100 амбулантни возила

Клинички
Фото: Порталб.мк

Владата одобри набавка на 100 амбулантни возила вредни 7,5 милиони евра и тргна во решвање на деценискиот проблем со паркингот на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“. Овие чекори, како што очекуваат од Владата, имаат за цел да го елиминираат логистичкиот хаос и да ја модернизираат итната медицинска помош низ државата.

Овие очекувања се охрабрени со одлуката за запишување на земјиштето на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ како државна сопственост претставува клучен административен пресврт. Со овој потег се овозможува ЈП „Градски паркинг – Скопје“ легално да управува со просторот, воведувајќи дигитален систем за навигација. Ова не е само техничко решение, туку обид за воспоставување ред во зона каде што со години владееше сообраќаен колапс, што директно го попречуваше пристапот на итните служби до клиниките.

Инвестицијата од 7,5 милиони евра за 100 нови амбулантни возила е најголемата набавка од овој тип во последната деценија. Со оглед на застареноста на постојната флота, каде многу возила се надвор од функција, оваа мерка е критична за намалување на времето за реакција. Набавката е стратешки насочена кон децентрализација на ресурсите, обезбедувајќи современа медицинска опрема за здравствените домови не само во Скопје, туку и во внатрешноста на државата.

Промовирањето на овие одлуки од страна на коалицијата ВЛЕН и министерот Азир Алиу е обид да се решат само дел од „хроничните“ проблеми во здравството, вклучувајќи ги и паркингот недостигот на амбулантни возила.

Иако набавката на возила и решавањето на паркингот се значајни чекори, вистинскиот предизвик останува одржувањето на новата опрема и кадровското екипирање. Без соодветен медицински кадар кој ќе управува со новите амбулантни возила, инвестицијата би можела да остане само делумно искористена. Владата ќе мора да обезбеди континуирано финансирање за сервисирање и обука, со цел овие реформи да не бидат само ад-хок решенија, туку основа за системско подобрување на јавното здравство.

Зачлени се на нашиот е-билтен