Крај на драмата Марко (11), кој исчезна додека шеташе со своето семејство, беше пронајден: „Се исплаши од кучето, залута во шумата и заспа“

Цела Хрватска се придружи на потрагата: полицијата, пожарникарите, HGSS, сите државни служби, нашите пријатели, соседи и сите добри луѓе кои споделуваа објави и понудија помош. За среќа, го најдовме, напиша мајкатка на Марко на социјалните мрежи

Марко М. (11), кој исчезна вчера додека шеташе со своето семејство во близина на видиковецот Тројнаш во општина Драж, е пронајден. Според хрватските медиуми, момчето е „живо и здраво“.

Поради исчезнувањето на момчето, властите ангажираа пет дронови, кучиња трагачи, а на терен имаше ловџии, полицајци, пожарникари и голем број волонтери.

Мајката на момчето се огласи

Мајката на 11-годишното момче се огласи на социјалните мрежи и им се заблагодари на сите што учествуваа во потрагата и пружија помош.

Мили ми сте сите, сè уште сме под силни емоции, но најголемата работа што ја чувствуваме е благодарноста. Нашиот син беше исчезнат, го баравме 6 часа што ми се чинеше како цела вечност. Цела Хрватска се придружи на потрагата: полицијата, пожарникарите, HGSS, сите државни служби, нашите пријатели, соседи и сите добри луѓе кои споделуваа објави и понудија помош. За среќа, го најдовме. Се исплаши од куче, залута во шумата и заспа. Кога се разбуди и сфати дека го бараме, веднаш се јави. Вели дека го спасил Мирко, ве молиме контактирајте не. Ви благодариме!!! Најважно е што е добро. Ви благодарам на сите од дното на моето срце за вашата помош, грижа, пораки и молитви. Никогаш нема да ја заборавиме оваа поддршка. Ви благодариме што покажавте колку значи заедништвото. Добро е. Ви благодариме. Ви благодариме. Ви благодариме на сите!!! – напиша жената.

Зачлени се на нашиот е-билтен