Претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен, денес ќе се придружи на телефонски разговор со украинскиот претседател Володимир Зеленски, американскиот претседател Доналд Трамп и други европски лидери, изјави портпарол на ЕК за Ројтерс.
Зеленски вчера изјави дека планира да се сретне со Трамп во Флорида во недела за да разговара за територијалните и безбедносните гаранции со цел да се најде начин за завршување на војната во Украина.
Трамп синоќа изјави дека ниедна од иницијативите на Зеленски не може да помине без негова согласност.
„Ќе видиме што има. Тој нема ништо додека не го одобрам“, рече Трамп во интервју за Политико.