Потпишаа крај на војната!

Спогодбата ја потпишаа тајландскиот министер за одбрана Натафон Накрфанит и неговата камбоџанска колешка Теа Сеиха.

Тајланд и Камбоџа потпишаа договор за прекин на огнот со кој се става крај на неколкунеделниот конфликт на нивната заедничка граница, беше објавено денес.

Во заедничка изјава на министрите за одбрана на двете земји се наведува дека двете страни се согласуваат да го одржат сегашното распоредување на трупите без понатамошно движење, објави Ројтерс.

Прекинот на огнот стапи на сила напладне по локално време.

Спогодбата ја потпишаа тајландскиот министер за одбрана Натафон Накрфанит и неговата камбоџанска колешка Теа Сеиха.

Со ова завршија борбите што траеја околу 20 дена и претставуваа најтешки конфликти меѓу двете земји во последните неколку години.

За време на конфликтот, беа употребени борбени авиони, ракетен оган и артилерија, а според достапните податоци, загинаа најмалку 101 лице, додека повеќе од половина милион луѓе беа раселени од двете страни на границата.

Судирите повторно избувнаа на почетокот на декември, откако претходното примирје посредувано од американскиот претседател Доналд Трамп беше прекинато во јули.

Зачлени се на нашиот е-билтен