Наместо да обединува, лидерската средба се остварува во атмосфера на длабока поделеност и разлики. Тоа е заклучокот од реакциите на политичките акетри и на јавноста за најавената средба на врвовите на политичките партии што ја иницираше премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
СДСМ одби учество на лидерската средба свикана од премиерот Мицкоски, обвинувајќи за легитимирање на корупција. Најголемата опозициска партија излезе со став дека сите што ќе одат на средба со Мицкоски го легитимираат криминалот и корупцијата.
Учеството на лидерската, сметаат од СДСМ, е легитимирање на криминалот и корупцијата на тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ и на анти ЕУ кампањата на власта за изолација на земјата.
Иако како главна тема е укинувањето на техничката влада пред претстојните избори, потег што ја продлабочува политичката поларизација и отвора прашања за изборниот модел и демократските гаранции во земјата. Ова оди во насока на тврдењето на СДСМ дека планот за предвремени избори што ги имаат веќе договорено, власта сака да го оствари без основни услови да бидат фер и демократски
Но дека техничката влада нема да биде единствена тема на средбата говори и најавата на Лидерот на ДУИ Али Ахмети кој доаѓа со јасно дефинирана агенда: национален договор за прогрес, концептот на „два бадентера“ и евроинтеграциите.
За хроничарите на политичките случувања оваа најава на Ахемти се доживува како обид средбата да се претвори во платформа за отворање на крупни уставно-политички прашања за кои во моментов не постои ниту политичка, ниту општествена подготвеност за консензус.
Оттаму и ниските очекувања дека овие теми ќе излезат од рамките на принципиелни ставови и познати аргументи, но со сериозен потенцијал да ги продлабочат поделеноста и разликите на политичките актери за приоритетите на земјата
Слично е и со иницијативата за една изборна единица што ја турка претседателот на Левица, Димитар Апасиев. Иако таа тема со години кружи во јавниот дискурс, останува впечатокот дека ќе биде само уште еднаш афирмирана без посериозен пристап дури ну за дебата, а камоли за подлабока анализа и елаборација вио делот на реформите на изборниот процес.