Костадинов размисли и одлучи да го одмрзне членството во СДСМ

Костадин Костадинов објави дека донел лична одлука да го „одмрзне“ своето членство во СДСМ, по, како што наведува, „доволно поминато време“. Во објава на Фејсбук, Костадинов посочи дека со овој чекор не ги менува ниту ги повлекува претходно изнесените ставови и позиции за прашања од јавен интерес.

Тој нагласи дека во овој момент не најавува никаква форма на активен политички ангажман, туку дека „стои на располагање“, изразувајќи почит кон партијата, нејзините вредности и членството. Во пораката, Костадинов ја потенцира и потребата од единство, кое според него подразбира „подавање рака, држење до принципи и искрени разговори“ во име на, како што напиша, секој социјалдемократ.

Зачлени се на нашиот е-билтен