Започна клучниот состанок меѓу САД и Данска за Гренланд: Се случи инцидент, едно лице исфрлено од зградата

Пред почетокот на состанокот, се случи мал инцидент во зградата Ајзенхауер до Белата куќа. Фотографот на данската ТВ 2, Томас Вестергард Серенсен, беше исфрлен затоа што, според неговите зборови, сакал да го фотографира Џ.Д. Венс.

Средбата на високо ниво на која учествуваа потпретседателот на САД Џ.Д. Венс, државниот секретар на САД Марко Рубио и министрите за надворешни работи на Данска и Гренланд, Ларс Локе Расмусен и Вивијан Мотцфелт, започна во зградата Ајзенхауер до Белата куќа.

Неколку часа пред состанокот, беше објавено дека локацијата ќе биде преместена од Белата куќа во зградата Ајзенхауер. Како што објавува Гардијан, таквата одлука може да се смета за обид за намалување на тензиите со преместување на состанокот подалеку од американскиот претседател Доналд Трамп, особено по неговите „експлозивни коментари“ за Гренланд.

Во зградата Ајзенхауер се наоѓаат церемонијалните канцеларии на Венс.

Пред почетокот на состанокот, се случи мал инцидент во зградата Ајзенхауер до Белата куќа. Фотографот на данската ТВ 2, Томас Вестергард Серенсен, беше исфрлен затоа што, според неговите зборови, сакал да го фотографира Џ.Д. Венс.

„Откако поминав низ обезбедувањето и се симнав долу, речиси се судрив со Венс. Сакав да го снимам, но ми рекоа да ја свртам камерата на другата страна“, рече Соренсен.

После тоа, вели тој, обезбедувањето го извело надвор.

Соренсен бил во истата просторија со министерот за надворешни работи Ларс Леке Расмусен и во еден момент извадил видеокамера.

Тој вели дека не е сигурен дали обезбедувањето мислело дека ќе бидат присутни само фотографи кои фотографираат.

Моментално е на заклучен паркинг пред Белата куќа, изјави тој за ТВ 2.

Зачлени се на нашиот е-билтен