Турција се противи на каква било воена интервенција во Иран

Турција

Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан денес изјави дека Турција се спротивставува на „секаква воена интервенција во Иран“ и го повика Техеран „сам да ги реши своите проблеми“.

Не сакаме да видиме каква било интервенција тука, но кога ќе ја погледнете политиката на (американскиот претседател) Доналд Трамп, досега не сме виделе силна склоност кон употреба на копнени сили“, рече Хакан Фидан .

Фидан зборуваше на прес-конференција во Истанбул и додаде дека настаните во Иран имаат „меѓународна димензија бидејќи Техеран е под санкции“.

„Она што е збунувачко овде е тоа што тешкотиите со кои се соочуваат луѓето поради економски и други проблеми може да изгледаат како идеолошко востание против режимот, всушност, ова е сива зона“, додаде Фидан.

Зачлени се на нашиот е-билтен