Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Кимберли Вест е новата хашка обвинителка за злосторствата на ОВК

Американската обвинителка Кимберли Вест е именувана на функцијата главен обвинител за злосторства извршени од борците на ОВК во Хаг, соопшти денеска тој суд.

Во соопштението на судот  пишува дека Вест е именувана „по процесот организиран од Европската Унија“.

Во САД, Вест беше федерален обвинител и партнер во приватна адвокатска фирма. Од 2008 до 2013 година, таа работеше и во обвинителството на Хашкиот трибунал во судските процеси против поранешниот претседател на Република Српска, Радован Караџиќ и лидерот на босанските Хрвати, Јадранко Прлиќ.

Кимберли Вест ќе го замени Џек Смит како главен обвинител, кој се врати во САД во ноември минатата година и ја презеде истрагата за доверливите документи пронајдени кај поранешниот американски претседател Доналд Трамп.

Во меѓувреме, вршител на должноста главен обвинител беше Алекс Вајтинг.

Првиот главен обвинител беше Дејвид Швендиман, исто така Американец.

Зачлени се на нашиот е-билтен