Доњецк пречка за мир: Москва бара повлекување, Киев одбива

Фото: Руски напад врз вториот по големина град во Украина Кхаркив, 11.07.2025, Укринфром
Фото: Руски напад врз вториот по големина град во Украина Кхаркив, 11.07.2025, Укринфром

Доњецк повторно се појави како централна сопка во обидите за политичко решение на војната во Украина, токму во момент кога САД туркаат трилатерални разговори во Абу Даби (23–24 јануари 2026). Кремљ јавно порача дека без „решавање на територијалните несогласувања“ нема реална надеж за крај, додека Киев најави дека судбината на Донбас ќе биде клучната тема на масата.

Главниот судир е едноставен на хартија, но невозможен во пракса: Москва бара Украина да ги повлече силите од деловите на Доњецк што сè уште се под украинска контрола, околу 20% од регионот или приближно 5.000 квадратни километри. Зеленски јавно одбива „да подари“ територија, со аргумент дека таков потег не само што ја легитимира анексијата, туку и ја отвора вратата за нова руска офанзива по евентуален договор.

Во позадина е фактот дека Русија во 2022 година прогласи анексија на Доњецк како дел од пошироки територијални претензии, по референдуми што Киев и Западот ги оценија како нелегитимни. За меѓународниот поредок тоа останува украинска територија; за Кремљ тоа е „историска земја“ што треба да се „доврши“.

Компромисот, во ваква поставеност, не е техничко прашање за линии на мапа, туку политичка капитулација во очите на една од страните. Затоа Доњецк не е само регион, туку симболичен трофеј и безбедносен бедем во исто време.

Зачлени се на нашиот е-билтен