Украинскиот претседател Володимир Зеленски вечерва на Твитер им се заблагодари на сите во светот кои му помагаат на Меѓународниот кривичен суд и неговиот тим во истрагата на руските злосторства извршени на украинска територија.
Нека пресудите против русистите што еден ден ќе ги слушнат на обвинителна клупа – законски и праведни пресуди – бидат доказ дека светот сепак ќе го штити животот, ќе ја штити цивилизацијата, напиша Зеленски на својот твитер-профил.
Тој додаде дека „ќе дојде време кога децата на Земјата – во Украина и на други места – ќе бидат заштитени од такво зло, какво што е руското, и од такви агресии“.