СДСМ стои зад работниците: Го поддржува утрешниот протест и нивните барањата

Обврска на владата е да обезбеди покачување на минималната плата наместо да увезува „економски работници“ а да извезува квалификувани кадри надвор од земјата, велат од СДСМ.

Опозициската СДСМ најави дека го поддржува протестот на работниците и Сојузот на синдикатите во борбата за достоинствени плати и зголемување на минималната плата.

Од таму велат дека за нив револтот и незадоволството кај работниците е разбирлив и затоа целосно ги поддржува работничките барања, за зголемување на минималната плата на 600 евра и за зголемување на платите за 100 евра во останатите сектори.

„Граѓаните, работниците живеат тешко, инфлацијата и покачените цени го јадат стандардот на работниците, сиромаштијата расте а платите стојат во место.  Владата на Мицкоски нема пари за зголемување на минималната плата, пари има само за тендери. 161 тендер за една фирма, 51 тендер преку општините за друга фирма, 9 милиони евра за тендери со двајца вработени, 1,2 милиони евра за тендери преку Пошта…“, велат од СДСМ.

Од опозициската партија велатл дека во време на владеењето на СДСМ парите завршувале кај граѓаните, бидејќи боила зголемена минималната плата од 8.000 денари на над 20.000 денари а просечната плата од 22.000 денари на над 42.000 денари.

„И како опозиција СДСМ стои зад работниците. СДСМ предлагаше Закон за покачување на минималната плата но власта го одби.  Поднесовме законски решенија и амандмани во Собранието за покачување на платите во различни сектори, но власта и тоа го одби. Обврска на владата е да обезбеди покачување на минималната плата наместо да увезува „економски работници“ а да извезува квалификувани кадри надвор од земјата“, велат од СДСМ.

Зачлени се на нашиот е-билтен