Ова е новата насловна страница на „Њујоркер“

Статуата на слободата ја симболизира пораката врежана во нејзината основа: „Дајте ми ги вашите уморни, вашите сиромашни, вашите збиени маси…“ - повик до бегалците и мигрантите да бараат засолниште и слобода во Соединетите Американски Држави.

Американското списание „Њујоркер“, на Фејсбук ја објави својата насловна страница за следниот број. Визуелната слика ја прикажува црната силуета на Статуата на слободата со 10 дупки од куршуми, што за многумина е јасна и болна алузија на неодамнешните убиства на Американци од страна на федерални агенти задолжени за контрола на миграцијата.

Статуата на слободата ја симболизира пораката врежана во нејзината основа: „Дајте ми ги вашите уморни, вашите сиромашни, вашите збиени маси…“ – повик до бегалците и мигрантите да бараат засолниште и слобода во Соединетите Американски Држави. Насловната страница на „Њујоркер“ на тој начин користи еден од најпрепознатливите американски симболи за визуелно да коментира за контроверзноста околу имиграциската политика на Трамп и нејзините трагични последици.

Соочувањето меѓу федералните имиграциски сили и локалните заедници во Минесота во последните недели предизвика бран протести и остри критики.

Убиени двајца Американци

Американецот Алекс Прети, 37-годишен медицински техничар од единицата за интензивна нега, беше застрелан од Федералната гранична полиција (ICE) со најмалку десет куршуми во Минеаполис. Настанот дополнително ја разгоре веќе напнатата ситуација откако агент на ICE, претходно ја уби 37-годишната Рене Гуд, мајка и активистка која протестираше против насилните операции на ICE во истиот град. И двата случаи предизвикаа обвинувања за прекумерна употреба на сила и повици до федералните агенции да се повлечат од градот.

Критичарите на администрацијата на Трамп истакнуваат дека смртоносните инциденти, кои доведоа до серија протести и барања за вистината за тоа што се случува на улиците на Минеаполис, се симптом на поширока политика на построги контроли на имиграцијата и агресивни операции од страна на ICE и Граничната патрола.

Додека некои републиканци и демократи повикаа на транспарентна истрага и ги критикуваа тактиките на федералните сили, администрацијата на Трамп ги бранеше дејствијата како неопходни за спроведување на законот, што само дополнително ја поларизираше јавноста.

Зачлени се на нашиот е-билтен